![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2023/03/Enis-Bardhi-8374374-678x470.jpg)
Македонската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена на претстојните пријателски натпревари против селекциите на Хрватска и Чешка кои се играат во месец јуни затоа што селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на капитенот, Енис Барди.
Toj се повреди на последниот меч за Трабзонспор и како што изгледа повредата не е наивна. Се работи за повреда на рамото, која бара мирување, па така според најавите од Турција, Барди ќе мора да ги скокне двата репрезентативни натпревари.
Двата пријателски меча против Хрватска и Чешка, Македонија ќе ги игра на гостински терен. Првиот е на 3 јуни закажан во Ријека, додека вториот е на 10 јуни во Храдец Кралове.