Сѐ уште непознати мотивите за синоќешната вооружена пресметка на „Пластичарска“

„На улица „Пластичарка“ убиено беше 29-годишно момче а двајца се повредени, од обвинителството се преземаат сите мерки за расветлување на случајот“.
Според МВР, синоќа околу 23 часот и 40 минути во СВР Скопје било пријавено дека имало истрели од огнено оружје на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарка“ улица во Скопје.
„Во 23:45 часот од Општата градска болница „Свети Наум Охридски“ соопштено е дека со прострелна рана бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје. Во 23 часот и 51 минути од клиниката „Мајка Тереза“ било пријавено дека со прострелни рани биле донесени 19-годишниот О.Б и 29-годишниот А.И, каде по укажаната помош во 00:45 часот А.И. починал“, велат од МВР.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
Од Основното јавно обвинителство Скопје, велат заедно со истражните екипи на МВР, во текот на ноќта извршиле истрага на булеварот „Никола Карев“ каде се случи трагичниот инцидент.
Јавен обвинител издаде наредба за вештачење на трагите земени од местото на настанот, а се преземаат и други мерки.
Сѐ уште не се познати мотивите на овој вооружен инцидент во кој загина 29-годишното момче а уште двајца повредени, додека според информациите инцидентот започнал со расправија, па прераснал во физичка пресметка и завршил со употреба на огнено оружје.
Авни Тахири