Земјоделството страда поради недостаток на работници

„Нема работници, дојде време да се донесат работници од Индија или Бангладеш, нашите сите избегаа низ Европа“, вели земјоделецот Изет Латифи.
Ова е еден од проблемите со кои се соочуваат земјоделците денес – недостиг на работници. Започна берењето на цреша во Крушопек, општина Сарај. Пазарот и продажната цена се загарантирани, но она што ги загрижува одгледувачите на оваа земјоделска култура е немањето работна сила.
„По 25 евра им плаќаме да ги берат црешите и никој не доаѓа. Сега е сезоната и треба да се соберат во рок од една недела бидејќи секој ден созреваат повеќе. Главниот проблем е немањето работници, нема, се трудиме сами да го направиме тоа, некој ден ќе дојде некој работник колку да се рече, тоа е тоа“, додава Латифи.
Изет Латифи има над 100 стебла вишни кои имаат и трошоци за одржување до продажната сезона. Додава дека вреди да се инвестира во оваа земјоделска култура.
„Цената е добра, не е лоша, но нема корист бидејќи нема кој да ја собере, не доаѓаат, цената е добра, лани беше послабо но оваа година е подобро“, вели Латифи.
Црешите годинава станаа луксуз за многу граѓани поради високата цена на пазарот која се движи од 180 до 220 денари за килограм.
Авни Тахири