ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денеска почнува конститутивната седница на новиот состав на Собранието

Денеска во Собранието треба да започне седницата на која ќе биде конституиран новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај.
Почетокот на седницата е закажан за во 11 часот, а на дневен ред се четири точки.
- Избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието на Република Северна Македонија;
- Верификација на мандатите на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија;
- Предлог за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија;
- Избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
Според новиот Деловник за работа на законодавниот дом, конститутивната седница може да трае најмногу три дена, а завршува со изборот на претседател на Собранието.
Како што е најавено, за претседател на Собранието ќе биде предложен Африм Гаши од партијата Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“.