СПОРТФОРМУЛА - 1

Леклер: Oва е трката за која сонував од дете дека ќе ја возам и победам

По пауза од две години Шарл Леклер пак е победник на трка во Формула 1. Возачот од Монако ја победи конкуренцијата и беше најбрз во цел тркачки викенд, па заслужено првпат во кариерата слави на домашната трка. За време на интервјуто по трката, Леклер беше емотивен и тешко пронајде зборови за сработеното.

Advertisements

 

„Нема зборови со кои можам ова да го опишам. Беше навистина тешка трка, двапати стартував од пол-позиција претходно и затоа оваа победа добива на тежина. Многу ми значи. Едноставно, ова е трката за која сонував од дете дека ќе ја возам и победам. Мојот татко даде сè за да бидам тука, тоа беше некој наш заеднички сон. Денес на дури педесет круга пред крајот почнав да се надевам дека ништо лошо нема да се случи“, изјави 26-годишникот.

 

Шарл Леклер е втор во генералниот пласман на Формула 1 со 138 бода, додека водечкиот Верстапен има 169. По Монако тимот на Ферари драстично му се доближи на Ред Бул на 24 бода, откако Верстапен заврши шести, а Перез беше исфрлен од трката по судир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button