СПОРТФУДБАЛ

Кристијано Роналдо: Рекордите ме следат каде и да идам

Кристијано Роналдо беше видно возбуден по вчерашниот рекорд кој го постави во Саудиска Арабија, неговата радост од теренот се прели и на социјалните мрежи.

Advertisements

Кога го постигна вториот гол и стана фудбалерот кој постигнал најмногу погодоци во една сезона во Саудиска Арабија, Роналдо се израдува како да постигнал гол во Лигата на шампионите. По мечот беше активен и на социјалните мрежи, напиша една изјава која ја има кажано и претходно во врска со рекордите.

„Јас не ги следам рекордите, рекордите ме следат мене“, напиша Роналдо и објави слика специјално подготвена за новиот рекорд.

Роналдо сезоната ја заврши со 35 голови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button