Касами ја игнорира одлуката на Владата да се запре реконструкцијата на стадионот
Касами ја игнорира одлуката на Владата да се запре реконструкцијата на стадионот

И покрај уредбата што Владата пред неколку недели ја издаде а со која општина Тетово требаше да ги стопира работите на градскиот стадион во Тетово, работите за реновирање на стадионот, како што гледате зад мене, не се стопирани. Од општина Тетово велат дека оваа одлука не важи и нема да се почитува, а ветуваат дека во рок од три години стадионот ќе биде реновиран.
Одлуката за стопирање на работите Владата ја правдаше со префрлање на стадионот под надлежност на на Претпријатието за транспорт. Но, ова образложение Општината го отфрли. Од таму велат дека сопственоста на стадионот не е заменета туку фирмата за транспорт ќе стопанисува само со изградбата на стадионот.
„До кабинетот стигна одлуката на Владата за стопирање на работите на градскиот стадион, но, и покрај одлуката, нема да запреме и ќе продолжиме со работите за реконструкција на стадионот, бидејќи не ги почитуваме одлуките на оваа корумпирана Влада, која е во заминување. Прво започнатите работи се преземени со сите законски процедури и законски е отворен тендерот и се оди според правилата и Законот, а за три години ќе биде завршена целосната реконструкција на градскиот стадион“, рече Бесар Дурмиши, Општина Тетово.
Во одлуката на Владата се наведува дека општината нема право да ја менува сопственоста или да предава на трајно управување државен имот.
„Владата при донесувањето на заклучоците од состанокот ги зеде предвид и одредбите од Законот за користење и располагање со државниот имот и општинскиот имот, според кој овластување да дозволи трајно користење и да утврди престанок на правото на користење, има само Владата на Република Северна Македонија“, се вели во одлуката на Владата на Северна Македонија“, велат Влада.
Изјава побаравме и од навивачите на клубот Шкендија, кои иако не сакаа да се појават пред камерите, телефонски изјавија дека никој нема право да ги попречува работите за стадионот.. Овој проект општина Тетово ќе ја чини 10 милиони евра./Алсат.мк