
Невреме пропратено со пороен дожд, грмежи, на места град и засилен ветер попладнето го зафати карловачкиот регион во Хрватска.
Во Крњак и на други места забележан е град, а наместа и силен ветер. Ветерот кршел гранки на дрвјата во центарот на Карловац, во близина на Домот на пензионери. Карловачките улици се полни со вода, пишува Радио Мрежница.
Подрумите во делови од градот се полни со вода, а од шахтите се шири смрдеа, известуваат граѓаните.
Пожар избувна во семејната куќа во Борлин по удар на гром по силното невреме. При гаснењето имало повеќе експлозии на непозната експлозивна направа при што е повреден еден пожарникар.
Соседите во предградието на Карловац, опишаа дека гром прво удрил во куќата, по што следеле поголеми и помали експлозии, од кои стотици. Плочки летаа и до 80 метри, а на улица можеше да се најдат и чаури.
Силно невреме попладнево зафати делови од Хрватска. Најтешка беше ситуацијата во Карловац.
Големо количество врнежи за кратко време предизвикаа поплави на бројни патишта во Карловац. Поплавени се подвозници и паркинзи, автомобили останаа заглавени во водата.
Итните служби се на терен.