ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени во сообраќајка меѓу возило и автобус во близина на Белград

Едно лице загина, а повеќе од 30 патници се повредени во сообраќајка меѓу автомобил и патнички автобус, која рано утрово се случила на патот кој води од Младеновац кон Мали Пожаревац, во околината на Белград, јавува РТС.

Advertisements

Според информациите на српските медиуми, при ударот загинал возачот на автомобилот, а повеќе од 30 лица се пренесени во најблиските болници. Првичните информации велат дека поголем број од повредените имаат полесни телесни повреди.

Како што се гледа на фотографиите и видеата поставени на социјалните мрежи, предниот дел на автомобилот е целосно уништен, а според коментарите на очевидците на местото на несреќата и предниот дел на автобусот бил набиен од ударот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјавил дека во болниците се примени над 30 лица, а од нив четворица биле со потешки телесни повреди.

„Во моментот се прави дијагностика. Четворица патници сигурно ќе бидат хоспитализирани, а за другите подоцна ќе одлучиме“, вели министерот за здравство.

Според жителите на Мали Пожаревац, во овој дел на патот, каде утрово се случила несреќата, многу често  се вози со брзина над дозволената.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button