ВЕСТИЗДРАВСТВО

Шокаровски контра Демири: Нема зголемена смртност ниту фантомски пациенти

Два дена откако беше разрешен од позицијата медицински директор, Марјан Шокаровски рече дека против него се врши организирана саботажа, но не прецизираше од кого. Шокаровски ги демантираше изјавите на министерот Демири дека е зголемена смртноста во Кардиохирургијата, а за неевидентираните починати пациенти во системот рече дека било резултат на технички проблем.

Advertisements

Медицинскиот персонал изрази загриженост дека политиката ја попречува нивната професионална работа.

Говорите на присутните на прес-конференцијата беа поддржани со аплауз .

Реакциите уследија откако Министерството за здравство ги разреши директорот на Клиниката, Марјан Шокаровски и лидерката на Програмата за превенција од кардиоваскуларни заболувања, Александра Ефтимова. Министерот Илир Демири пред два дена рече дека случајот го пријавил во обвинителството и од таму бара итни мерки. Според него, има две причини за нивното отпуштање, сомнежите се дека злоупотребиле многу пари и зголемувањето на смртноста.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button