СПОРТФУДБАЛ

Канатларовски: Полска, вистински тест за нашите можности

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година се подготвува за претстојните два пријателски натпревари. Првиот контролен дуел против Полска надежите ќе го играат на 1. јуни, во Радом. Четири дена подоцна во Коњич играат со селекцијата на Босна и Херцеговина. Селекторот Драган Канатларовски вели дека ова е одличен тест, но и можност да бидат приклучени и помлади фудбалери од следната генерација.

Advertisements

„Ова е одличен термин за да одиграме два силни пријателски натпревари. Со нас се дел од фудбалерите од помладата генерација која надоаѓа, но и овие стандардните, повозрасните, кои се на заминување и имаат право да одиграат уште четири натпревари за младата селекција до 21 година. Едните ќе треба да се докажат, а другите да потврдат дека со право заслужуваат да го носат македонскиот дрес. Полска е една квалитетна селекција од повисок ранг и веројатно вистински тест за нашите можности. Потоа ќе имаме и уште една одлична проверка против селекцијата на БиХ“, изјави селекторот Драги Канатларовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button