Овие хороскопски знаци се магнет за пари


Алсат
26.05.2020 08:19
Сите знаеме понекогаш да кажеме дека не читаме хороскоп, но и дека не веруваме во пишувањата на истиот. Сепак, љубопитноста ретко ни дава да останеме имуни, а да не прочитаме некоја интересна астролошка терорија за својот знак.
Па така, ако веќе се заинтересиравте за содржинава, тогаш во продолжение нема да читате зошто сте среќниците, туку ќе дознете за истражувањето поврзано со хороскопот и парите спроведно меѓу поголема група луѓе.
Веб-сајтот CareerBuilder.com направил една студија во која учествувале околу 9000 работници. Идејата била да видат дали хороскопскиот знак има некаква врска за успех во работата или финансиската состојба.
Среќата ги следи храбрите, исто така ги следи и Шкорпиите, Лавот и Бикот. Истражувањето покажало дека тие често заработуваат преку 100.000 долари годишно. Според американските стандарди ова е исклучително добра ситуација.
Но, постои и друга страна, односно онаа негативната. Истото истражување покажува дека хороскопски знаци кои имаат најголема мака со парите се Јарец и Водолија, тие обично заработуваат помалку од 35.000 долари.