СПОРТФУДБАЛ

Арсенал ја купува ѕвездата на Лајпциг за 50 милиони фунти

Англиските медиуми ја пренесуваат веста дека управата на Арсенал го договорила трансферот на одличниот Словенец од редовите на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко.

Advertisements

Тренерот Микел Артета неколку пати изјавуваше дека клубот активно ќе бара робусен напаѓач за следната сезона, па изборот паднал токму на Шешко, кој сезонава за „биковите“ одигра 40 натпревари и забележа учинок од 18 гола и две асистенции.

Се работи за исклучително талентиран 20-годишен офанзивец, за кого Арсенал веројатно ќе исплати околу 50 милиони фунти, плус дополнителни бонуси и клаузули. За неговите услуги беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но се претпоставува дека Шешко сакал да дојде во Лондон поради подемот на Арсенал и младоста на екипата која изминатата сезона заврши на втората позиција во Премиер лигата.

Бенџамин Шешко ја започна кариерата во Ред Бул Салцбург, потоа беше на позајмица во тимот на Лиферинг, а минатата сезона премина во РБ Лајпциг, каде ја делеше соблекувалната со нашиот Ељиф Елмас.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button