ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, пуштени 35 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 412 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за неврологија, на Клиниката за нефрологија, на Очната клиника и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на ТБЦ и двајца на Клиниката за дерматологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало  7 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button