Училишните дворови стануваат паркинзи а плоштадот шеталиште – план за пречек на иселеницте и избегнување на сообраќајниот хаос
Училишните дворови стануваат паркинзи а плоштадот шеталиште – план за пречек на иселеницте и избегнување на сообраќајниот хаос

Еден месец пред пристигнувањето на печалбарите, општина Тетово презеде мерки за реорганизација на дел од градските улици, со цел да се избегнат блокадите на главната крстосница на градот, поради зголемувањето на бројот на автомобили. Од општина Тетово велат дека покрај отворањето на дворовите на основните и средните училишта, кои ќе се користат како паркинг места во текот на целото лето, некои улици ќе бидат едносмерни , а се размислува и за затворање на плоштадот за автомобили, и претварање на шеталиште.
„Како и секоја година, и оваа ќе ги отвориме училишните дворови за да го олесниме патниот сообраќај. Ќе има и некои еднонасочни патишта, така што патиштата нема да бидат блокирани и да не се создадат гужви во градот. Има уште еден проект за булеварот Илирија, каде што планираме да го претвориме во шеталиште, но за жал одговорот од СВР беше негативен, и се надеваме дека оваа година можеби ќе успееме да го реализираме. Ако успееме да го претвориме во шеталиште како булевар, ова ќе биде добро за бизнисите во градот“, рече Албион Алили, Општина Тетово.
Преземени се мерки и од Секторот за внатрешни работи Тетово, како за Тетово, така и за Гостивар.
„Тетово и Гостивар, многу долго време се соочуваат со стариот проблем, бројот на паркиралишта во централните делови на градот, заедно со бројот на возила кои гравитираат. Значи СВР Тетово ги има преземено сите мерки на претпазливост еден месец пред доаѓањето на печалбарите. Разговараме со општината за отворање на училишните дворови за да има повеќе паркинг, а предвидени се контролни пунктови од страна на полицијата на влезот и излезот од градот, за да може во случај на поголема гужва, навреме да се реагира со пренасочување на сообраќајот“, рече Фатмир Реџепи Портпарол на СВР Тетово.
И од општина Тетово и од тетовската полиција апелираат до жителите, во текот на месецот кога печалбарите се во татковината, што помалу можат да ги користат автомобилите./Алсат.мк