![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2024/06/Shkendija-ne-pergatitje-ne-Tetove-770x470.jpg)
Фудбалерите на Шкендија ги започнаа подготовките за новата сезона. Тетовчани најрано од сите учесници во ПМФЛ ги „запалија моторите“, затоа што пред нив е сериозен предизвик во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
На првиот собир недостасуваа неколку играчи кои добија слободен ден, а тимот ќе се комплетира по доаѓањето на Решат Рамадани, Ване Крстевски и Фитон Адеми, кои имаат обврски во У21 репрезентацијата на Македонија.
Управата и стручниот штаб решија првиот дел од подготовките да се одржат во Тетово, а останатиот дел ќе биде поделен во неколку фази. Предвидени се и пет контролни натпревари со екипи од регионот, кои во најголема мера се учесници во евро-куповите.
Шкендија со голем оптимизам ги дочекува квалификациите во Конференциската лига, а првиот натпревар ќе се одигра во втората половина на јуни. Противникот на тетовчани во првото коло сѐ уште не е познат.