ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
За утре закажана првата пленарна седница пратенички прашања по 100 дена Влада

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите ја најави утрешната прва пленарна седница за пратенички прашања по изминувањето на 100 дена од изборот на новата Влада на премиерот Зоран Заев.
Седницата ќе се одвива според вообичаената процедура за седници за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица.
Секое трето прашање на седницата, која ќе започне во 11 часот, ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ.