ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Васиќ-Бозаџиева не го доби потребното мнозинство и покрај повлекувањето на Павловска-Данева од трката за претседател на Уставен

Според информациите од Уставен, во денешниот прв круг од гласањето, како единствен кандидат за функцијата претседател била предложена само Васиќ-Бозаџиева.

Advertisements

Сепак, по гласањето таа повторно го немала потребното двотретинско мнозинство, односно за неа не гласале најмалку шест од вкупно деветмината судии кои го сочинуваат Уставниот суд.

Според најавите, попладне треба да се одржи нов круг на гласање, на кој секој уставен судија може да предложи свој кандидат за функцијата претседател.

Инаку, гласањето претпладнево е седмо по ред, откако минатата недела во четвртокот и петокот пропаднаа претходните шест обиди на членовите на Уставниот суд да изберат наследник на Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат како претседател истече вчера (2 јуни).

Сите шест обиди, минатата недела завршија со идентичен сооднос на гласовите, односно пет гласа доби Васиќ-Бозаџиева, додека предлогот на преетседателското столче да седне Павловска Данева го поддржаа четворица нејзини колеги.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button