
Комплетирањето на сезоната во европските лиги и официјално го затвори кругот на потенцијални противници на Струга Трим Љум во квалификациите за Лигата на Шампионите.
Иако веќе горе-долу беа познати сите имиња, имаше две промени. Ференцварош и Карабах наместо во првото, ќе тргне во второто квалификациско коло, а меѓу потенцијалните ривали на стружани влета босански Борац Бања Лука.
Најнеповолни ривали веројатно би биле поранешниот европски првак Стеауа, бугарски Лудогорец, Слован Братислава… Најповолни противници се екипите од Гибралтар, Велс, Молдавија и Косово.
Ждрепката за првото квалификациско коло ќе се одржи на 18 јуни. Двомечот, пак, се игра на 9-10 и 16-17 јули.