СВЕТ

Тројца загинати во судир на наплатна рампа во Италија

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во италијанска Тоскана кога автомобил удри во наплатна рампа, потврди во неделата противпожарната бригада.

Advertisements

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека автомобилот во кој се превезувале германската двојка со голема брзина се приближил до патарината на автопатот во близина на Ливорно, каде што се судрил со два други автомобили кои чекале на патарина.

Шест лица се повредени, меѓу кои две деца, јавуваат пожарникарите. Во судирот загинал и патник во еден од автомобилите кои чекале во ред. Италијанските медиуми објавија дека вработената која работела во кабината не била повредена. Се истражуваат точните околности на несреќата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button