
Во парламентот денеска се одржа прва координативна средба со претставници на пратеничките групи, на која се договараше кога парламентот би можел да ги донесе измените на Закон за организација на работата на органите на државната управа, со цел да се изгласа новата влада со реорганизирани ресори, а за што е неопходно двотретинско мнозинство во Собранието.Треба прво да се формираат работните тела на Собранието, пред се Комисијата за политички систем и законодавно – правната комисија.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, по координацијата изјави дека очекува да го обезбедат потребното двотретинско мнозинство за да бидат изгласани законските измени поврзани со промените на министерствата во Владата. За сега фалат два гласа.
ВЛЕН оценува дека поддршка треба да дадат сите пратеници, бидејќи промените што треба да се направат се неопходни за ефикасно функционирање на извршните органи и државната администрација.
„Веруваме дека поддршка ќе дадат и опозициските партии, СДСМ и Европскиот фронт. Тоа е од аспект на функционалност и планирање за новото работење согласно програмските планови. Ова е целта и суштината и веруваме дека ќе помине во Собрание“, рече Халил Снопче, пратеник на ВЛЕН.
Од Европскиот фронт велат дека тоа се барања на ВМРО-ДПМНЕ за дефакторизација на Албанците и затоа нема да го поддржат законското решение.
„Станува збор за закон за одземање на некои институции кои служат само на агендата на ВМРО-ДПМНЕ и нелегитимните албански кадри кои ќе ги водат ресори во нелегитимна Влада.
СДСМ е резервирана. Без да го видат предлог-законот, не можат да зборуваат за поддршка без резерва или неподдршка без причина“, додаде Блерим Беџети, пратеник на Европскиот фронт.
На координацијата што ја одржа претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваа претставници од сите политички партии во Собранието, а се се дискутираше за конституирањето на комисиите, како и на неформалните работни тела во законодавниот дом./Алсат.мк
Адриан Керими