Македонија ќе добие министерство за енергетика и Министерство за спорт
Македонија ќе добие министерство за енергетика и Министерство за спорт

Реорганизацијата на министерствата предвидува зголемување на ресорите во рамките на Владата од 16 на 18 министерства и од нив две ќе бидат министерства без ресор. Ќе се формираат две нови министерства, за енергетика и Министерство за спорт. Секторот труд од труд и социјална политика оди во министерството за економија, а од таму, секторот за туризам преминува во министерството за култура. Министерството за труд и социјална политика, станува министерство за социјална политика, демографија и млади, а пак министерството за информатичко општество се планира да стане министерство за администрација и дигитализација. На Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците му се одзема политичкиот систем, што ќе се проширува во рамките на Владата, а ќе остане Министерството за односи меѓу заедниците.
Министерство за енергетика
Министерство за спорт
Министерство за социјални политики, демографија и млади
Министерство за администрација и дигитализација
Министерство за односи меѓу заедниците
Неофицијално, ВЛЕН во идната Влада ќе има четири министерства и тоа: здравство, екологија, економија и Министерство за социјални политики, демографија и млади. Ќе има и двајца вицепремиери, за евроинтеграции и вицепремиер за добро владеење. Партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски ќе ги добие Министерството за правда и Министерството за администрација и дигитализација. Со останатите 14 ресори ќе раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ и партиите што ја сочинуваат коалицијата „Твоја Македонија“. Претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе го додели мандатот во текот на неделата, во вторник или среда, додека гласањето на новата Влада се очекува да се одржи најдоцна на 20 јуни./Алсат.мк
Адриан Керими