ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уште едно рочиште за аудито на Мерко одложено

Уште едно рочиште за аудито на Мерко одложено

Уште едно судско рочиште за случајот со набавката на луксузното ауди А6 од 70. 000 евра и на уште три други автомобили за потребите на општината, каде обвинет е градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денес беше одложено. Одбраната достави обемни материјални и вербални докази вкупно 68,за кои било потребно време да бидат разгледани. На ова Мерко во судница рече дека доказите со аудито неможеле да се донесат, не пак со рака, на што судијата побара од Мерко да се воздржи од коментари, бидејки не бил на тв емисија.

Advertisements

„Со доставувањето на оваа листа одбраната ќе се обиде да ја побие тезата на јавното обвинителство дека обвинетиот не сторил никакво кривично дело воопшто“, рече Игор Петковски-адвокат на Мерко.

„Обвинителниот акт е за дело злоупотреба на службената положба. Ние сметаме дека има дело. Ќе го подржиме обвинителниот предлог поднесен од ОЈО Скопје“, нагласи Никола Јолевски-јавен обвинител.
Судијата Надица Митревска вели дека целта е судењето да заврши што побргу.

„Нема да одлагаат. Интенцијата е да не одлагаат.Обвинителството ќе се потруди документите кои се потребни на одбраната во најкус можен рок да се обезбедат. До кога очекувате да заврши ова судење? Согласно принципот на судење во разумен рок и ефикасноста на постапката што е можно поскоро но со почитување на правата на одбраната“, рече Надица Митревска-судија.

Спротивно на начелата на законитост и интегритет, како и во спротивност на јавниот интерес, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро сметка, обвинетиот набавил четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114000 евра, со што прибавил имотна корист за носителот на јавната набавка, стои во обвинението. За Мерко во струшкиот суд активни се уште два други предмети, за поставување на директори во три основни училишта во струшко. Тој веќе една година е на американстаа црна листа и е прогласен за Персона нон грата на Стејт департментот на САД. И денес не сакаше да даде изјава, дали да се чуствува виновен или не./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button