Пациентите тешко стигнуваат до термин за операција
Пациентите тешко стигнуваат до термин за операција

Проблемите со вентилацискиот систем на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, предизвикаа пациентите да чекаат многу подолго за термин за операции. Сè уште не е познато кога дефектите ќе бидат отстранети, но во моментов на клиниките се примаат само итните случаи.
На Клиниката за хирургија, пациентите доаѓаат и си одат без преглед и нивните термини се откажуваат. Се примаат само итните случаи. Ситуацијава влегува во третата недела, бидејќи компресорите на системот за компримиран воздух не функционираат правилно и како резултат на тоа оперативните сали работат само со преносни компресори.
Проблемот денеска го истражуваат и експерти на терен. Се истражува од компресорските станици до самите сали, каде е проблемот во системот. Заменик-министерката за здравство ќе побара од владата да ја задолжи јавната установа Заеднички служби за потребите на здравството да изврши итна набавка и промена на локацијата на компресорската станица на Клинички центар.
Министерството за здравство го чека резултатот од на анализите на компримираниот воздух од Германија, иако двете локални лаборатории покажаа дека воздухот е во рамките на нормалните параметри. Во моментов се служат со мали преносни компресори, кои се употребувале за време на пандемијата./Алсат.мк
Аднан Ќаили