Лукаревска: Немам намера да се кандитирам за претседател на СДСМ, но будно ќе го следам новото раководство
Лукаревска: Немам намера да се кандитирам за претседател на СДСМ, но будно ќе го следам новото раководство

Во интерју за Алсат, потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска зборуваше за тоа каде потфрлиле на последните избори и за одливот на нивното членство. Таа како една од причините ја наведе недоволната и спора борба против криминалот и корупцијата, но и одредени внатрепартиски случувања. По направените анализи, Лукаревска вели дека борбата против криминалот и корупцијата е секогаш меѓу главните три прашања кои ги засегаат граѓаните и очекуваат конкретна разрешница, но владината коалиција не била на ниво на задачата, како земја членка на НАТО и претендент за член на Европската унија.
Таа се осврна и на Конгресот на партијата овој месец, на кој ќе биде избран новиот претседател на СДСМ. На прашањето дали таа ќе се кандитира за партиските избори, таа рече дека нема таква амбиција, но будно ќе го следи и изборниот процес и новото раководство.
Лукаревска зборуваше и за дејствувањто на СДСМ во новиот парламентарен состав и дека сеуште немаат став околу Нацрт законот за реорганизација на министерствата./Алсат.мк