ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Со законски измени ќе се укинува техничката влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави неколку законски измени меѓу кои и укинување на Техничката влада. Како што рече Мицкоски, тие уште пред изборите го изнеле ставот дека Техничката влада повеќе не е потребна.
„Планираме неколку законски решенија, или како пратеничка група или како коалиција да ги поднесеме во Парламентот. Еден е и тој, зборуваме за Техничката влада. Уште пред изборите имавме јасен став, дека нема потреба од Техничка влада…еден од законите ќе биде тој“, рече Мицкоски.