СВЕТ

Борел: ЕУ го поддржува планот за прекин на огнот во Газа претставен од Бајден

Европската унија целосно го поддржува планот презентиран од американскиот претседател Џозеф Бајден, кој би довел до траен прекин на огнот во Појасот Газа, ослободување на сите заложници и зголемување на хуманитарната помош во областа, изјави денеска високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел.

Advertisements

Во изјавата објавена на веб-страницата на Европскиот совет, Борел наведува дека ЕУ ги цени „одлучните напори на САД, Египет и Катар за олеснување на преговорите за завршување на војната во Појасот Газа, истовремено обезбедувајќи ја безбедноста на Израел“.

Борел нагласи дека се загубени премногу цивилни животи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button