ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До Собранието доставен законот за реорганизација на министерствата – за да се усвои требаат 80 гласови

До Собранието е доставен Предлог-законот за организација и работа на државните органи. Предложените одредби се однесуваат на осум министерства. Во Министерството за економија се додава и секторот труд и ќе биде Министерство за економија и труд. На Министерството за труд и социјална политика му се одзема трудот и тоа ќе прерасне во министерство за социјална политика, демографија и млади. Се укинува Агенцијата за млади и спорт и ќе се формира Министерство за спорт. Енергетскиот сектор се издвојува од економија и се формира Министерството за енергетика, рудници и минерали. На Култура се додава туризмот, додека Министерството за информатичко општество и администрација се дели на две – Министерство за дигитализација и Министерство за администрација. Политичкиот систем е во рамките на Владата, додека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците станува Министерство за односи меѓу заедниците. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека законот е предложен да се донесе по брза постапка.

Advertisements

Иако пред неколку дена беше објавено дека имаат двотретинско мнозинство, се уште немаат обезбедено 80-те гласа потребни за промена на системскиот закон.

Вчера во Собранието беа формирани двете работни тела за да се  постапува по предлог-Законот за организација и работа на државните органи. Пратеникот Александар Велјановски ќе раководи со Правно-законодавната комисија, а пратеникот Љупчо Пренџов ќе ја води Комисијата за политички систем. Во наредниот период ќе се формираат и други работни тела.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button