ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре Мицкоски го добива мандатот за формирање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврди дека преговорите со коалицијата ВЛЕН и движењето ЗНАМ се при крај, а утре претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање на новата влада.

Advertisements

Мицкоски рече дека наскоро до Собранието ќе ги достави програмата и составот на Владата. Тој рече дека поради верските празници овој месец, но и годишнината на партијата, се размислува кога составот на Владата да се предложи до Собранието, но рече дека владата ќе се формира пред истекот на законскиот рок од 20 дена.

Во новата Влада, коалицијата ВЛЕН има 6 министерства меѓу кои здравство, Министерство за економија и труд, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за екологија, Министерство за европски интеграции, Министерство за добро владеење. ВЛЕН ќе го има и првиот вицепремиер, кој ќе биде и министер за екологија. ВЛЕН ќе биде претставен и во извршната власт со 7 заменици министри во Министерството за одбрана, внатрешни работи, образование, транспорт, етнички заедници и заменици министри за земјоделство или за надворешни работи. Оваа коалиција ќе има и државни секретари во ресорите со кои раководи коалицијата Влен и околу 400 директори и раководители на институции.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button