СВЕТ
Избори за Европскиот парламент: Во Холандија почна гласањето, недела ќе биде суперизборен ден
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2020/11/eu-parlament-780x470.png)
Во Европската унија денеска официјално почна гласањето за Европскиот парламент, а првата земја-членка на ЕУ која почна да гласа е Холандија, чии гласачи ќе можат да гласаат за 31 европратеник од 7:30 до 21 часот.
Гласањето во таа земја сѐ уште се врши со пенкало и хартија, поради долгогодишна недоверба во гласачките компјутери, пишува Политико.
Во петок, на 7 јуни, избирачките места во Ирска ќе бидат отворени од 7 до 22 часот, а таа земја ќе има 14 пратеници во новото свикување на ЕП.