ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски го доби мандатот за формирање на Влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во следните 20 дена треба да ја формира новата влада. Претседателката Гордана Силјановска Давкова откако му го даде мандатот изјави дека Мицкоски има сериозни шанси да ја формира владата.

Advertisements

Мицкоски по преземањето на мандатот, најавуви радикални реформи во секоја сфера Тој очекува наскоро да се формира влада, поточно пред истекот на законскиот рок.

Мицкоски рече дека Владата може да се изгласа утре, но предизвик ќе биде да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието, кое ќе биде неопходно за реструктуирање на Владата и законите за Судски совет и совет на обвинители.

Во втората половина на јуни, Мицкоски до Собранието ќе го достави владиниот состав и програмата за работа на владата, за која треба да гласаат 61 пратеник.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button