РЕГИОН

По силниот земјотрес во Хрватска нуклеарната централа Кршко прекина со работа

Нуклеарната централа Кршко во Словенија прекина со работа по силниот земјотрес што се случи околу 12:20 часот. Иако епицентарот на потресот е во Хрватска, од централата велат дека тресењето на тлото и кај нив многу се почувствувало.

Advertisements

Од електраната соопштиле дека нема оштетувања на објектите, но од безбедносни причини ја прекинале работата. Попладнево околу 12:20 часот Хрватска ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер. Епицентарот е токму во градот Петриње на 45 килметри југоисточно од Загреб, на длабочина од 10 километри. Засега е потврдена смрт на едно дете, но се стравува од голем број повредени лица.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button