ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бајрами: Со распуштање на судскиот совет нема да се  зголеми кредибилитетот на судството

Бајрами: Со распуштање на судскиот совет нема да се  зголеми кредибилитетот на судството

Од СДСМ не ги коментираат најавите на  ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет и Советот на обвинители.

Advertisements

Според него, реформите не треба да се прават само за да се заменат кадрите еден со друг.

Претходно и министерот за правда Кренар Лога испрати писмо до меѓународната заедница со предупредување дека новата влада преку распуштање на советите се меша во правосудниот систем.

Мицкоски, на ова, реагираше дека ќе се направи замена на судиите и обвинителите кои не работат според законот.

Експертите оценуваат дека, сепак, распуштањето на Судскиот совет и Советот на обвинителите нема да влијае на зголемувањето на нивото на кредибилитетот на граѓаните.

„Доколку претстојната влада преку законски интервенции во Законот за судски совет, во Законот за судовите или Советот на обвинители интервенира на тој начин што на Владата преку Парламентот му овозможи интервенција однадвор во третиот столб, верувам дека нема да успее да го подигне нивото на кредибилитет во работата на судството, но сметам дека во оваа фаза и со доаѓањето на нова власт, самиот Судски совет во овој состав, бидејќи знаеме дека се именуваат со мандат од 6 години и додека не им истече мандатот не можат да бидат именувани други, ниту од редот на судиите, ниту од Собранието, тие самите треба да ги почитуваат законските правила кои произлегуваат од позитивните одредби“, рече Ибрахим Бајрами, правник.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе започне реформи во судството со распуштање на органите кои избираат судии и обвинители, бидејќи според нив немаат кредибилитет. ВМРО денеска не се изјасни за ова прашање, за кое опозицијата се сомнева дека сегашните членови ќе бидат сменети со луѓе лојални на власта./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button