
Половина од оваа продавница, која денес служи само за продажба на чанти од увоз, порано била работилница. Семејството Идриз од Скопје со производство на чанти се занимава од 60-тите години на минатиот век, но поради немање работници сега главно се занимаваат со трговија. Фаредин Идриз, вели дека младите не сакаат да се занимаваат со занаети и оваа работа моментално ја работи со неговите браќа.
„Имавме работници, околу 5-6 работници, 3 чираци, производството беше најмалку 50-60 парчиња, во зависност од моделот. Во моментов нема повеќе од 5 парчиња, максимум 10 парчиња што ги произведуваме дневно. И тоа го немаме секој ден, зависи од потребата, два-три пати неделно . Младите во моментов не сакаат да се занимаваат со занаети“, рече Фаредин Идриз, производител на чанти.
Идриз вели дека истата судбина ги снајде речиси сите занаети, а притоа подвлекува дека занаетчиите немаат поддршка од државата.
„Во моментов полека згаснуваат не само занаетот со чанти, сите други занаети овде, повеќето од старите еснафи ги нема, а младите не сакаат занаети. Секој што ќе влезе,веднаш сака да излезе. Мислам дека ние сме единствените кои произведуваме нешто, но и ние сме при крај. Повеќето се занимаваат со трговија, затоа што не се постигнува…. Потоа саемот беше затворен, се отворија многу трговски центри, државата не нуди никаква помоѓ за занаетчиите”, додаде тој.
Занаетчиите велат дека уште еден фактор што влијае на намалувањето на домашното производство е ниската цена на стоката што доаѓа од странство, што го прави производството неповолно, бидејќи потрошувачите почесто купуваат готови производи отколку да произведуваат овде./Алсат.мк
Ајнур Бафќари