ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Давкова го потпиша законот со кој се зголемува бројот на министерствата од 16 на 20
Давкова го потпиша законот со кој се зголемува бројот на министерствата од 16 на 20

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска (9 јуни) го потпиша законот со кој се прават измени во организацијата на министерствата и се зголемува нивниот број од 16 на 20.
Шефицата на државата потсетува дека ова е системски закон што се носи со двотретинско мнозинство и таа е должна да го потпише. Но, и таа како и новото владејачко мнозинство, гледа позитивно на измените.