Во Македонија прогласена жолта и портокалова алертна фаза за топлотен бран
Во Македонија прогласена жолта и портокалова алертна фаза за топлотен бран

Поради високите температури во Македонија, прогласена е жолта и портокалова алертна фаза. Надлежните апелираат да се почитуваат мерките одобрени од Владата. Сепак, лекарите оценуваат дека граѓаните не ги почитуваат овие препораки, бидејќи е зголемен бројот на повици за итни случаи, а со нив и интервенции на јавни места.
Граѓаните велат дека се трудат да излегуваат само кога е потребно, но понекогаш е невозможно да се избегне излегување дури и во време кога не се препорачува изложување на сонце.
„Топло е, како што можеме да видиме и самите, дојдов наутро, брзо ја завршив работата и сега треба да се вратам, но многу е топло… Не сакав да излезам, но ми нарачаа нешто, па излегов“, рече еден граѓанин.
Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран денеска и утре ќе бидат во портокалова алертна фаза.
Се препорачува ослободување од работни обврски на трудниците и лицата над 60 години и избегнување на физички активности од 11 до 17 часот./Алсат.мк
Ајнур Бафќари