ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лога предлага измени во Судскиот совет

Лога предлага измени во Судскиот совет

Во последните денови од извршувањето на должноста министер за правда и без потребната поддршка во Собранието, Кренар Лога предлага измени на еден од главните закони на правосудниот систем, односно за Судскиот совет. Според него, со овие измени ќе се зајакне независноста на судството, одговорноста и професионалноста.

Advertisements

„Согласно Стратегијата за секторски развој на судството, предвидено е ревидирање на одредбите од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија кои се однесуваат на индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на Советот со посебен фокус на дефинирање причините поради кои може да се поведе постапката, органот/телата кои ќе постапуваат и правото на жалба“, напиша на facebook Кренар Лога, министер за правда.

Но, ваквите промени се речиси невозможни, во услови кога партијата што тој ја застапува е во опозиција. Дополнително, измените во судскиот совет се предлагаат речиси една и пол година по назначувањето на Лога за мин истер за правда.

Лога стана актуелен откако се пожали на меѓународните организации и амбасади во земјава, за најавата на ВМРО за распуштање на Советот.

Паралелно со распуштањето на советот, Христијан Мицкоски најави и законски измени за начинот на работа на Судскиот совет.

Додека трае расправата за реформите во Судскиот совет, членовите на ова тело кое избира и разрешува судии, претходно ги изменија регулативите за работа со кои се предвидуваше одговорност од страна на

Советот и членовите за донесените одлуки во врска со изборот на судии.
Дополнително, Советот вчера ја одобри и комуникациската стратегија 2024-2028 година со акцискиот план. Со истата се предвидува подигање на нивото на транспарентност и отчетност на Судскиот совет и судовите./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button