СПОРТФУДБАЛ

Барела останува во Интер, ќе биде најплатениот италијанец во Серија А

Шампионот на Италија, Интер, го задржа Николо Барела до 2029 година. Италијанскиот репрезентативец и официјално ќе остане во наредните пет години на „Џузепе Меаца“.

Advertisements

„Интер може да соопшти дека постигна согласност за продолжување на договорот на Николо Барела, фудбалерот од средниот се обврза кон нероаѕурите до јуни 2029“, објави Интер.

Николо Барела ќе биде најплатениот Италијанец во Серија А. Неговата годишна плата ќе биде 6,5 милиони евра, а со бонуси може да достигне и до 8 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button