ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицковски не се откажува од идејата да ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

Мицковски не се откажува од идејата да ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

Мандатарот за формирање на новата Влада, Христијан Мицкоски, не се откажува од најавата дека владата на чело со него ќе го распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, бидејќи го изгубиле кредибилитетот. За одредени експерти кои го повикаа Мицкоски да не избрзува со оваа мерка, вели дека ќе ги разгледа препораките, но очекува тие да понудат решенија.

Advertisements

Мицкоски упати критики до актуелниот министер за правда Кренар Лога. Според него, тој ја изгубил можноста да ја зголеми довербата на граѓаните во судството.

И додека трае дискусијата дали е добро или не да се распуштат овие два органа на правосудниот систем, кои на хартија се независни, Судскиот совет во текот на изминатите седници имплементираше некои препораки на евалуациската мисија на ЕУ. Со нив се предвидува подигање на нивото на отчетност од страна на членовите на Советот за избор на судии, но и зголемување на транспарентноста. Судскиот совет, но и Советот на јавни обвинители и понатаму се мета на критики за политизација. /Alsat.mk

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button