ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата планира да обезбеди 100 милиони евра за општински проекти

Владата планира да обезбеди 100 милиони евра за општински проекти

Новата Влада планира да обезбеди 100 милиони евра за реализација на општински проекти за оваа година и уште 250 милиони евра во следната. Тоа ќе биде владина помош за општините водени од амбициозни градоначалници. Ова го истакна мандатарот на новата Влада, Христијан Мицкоски, пред одржувањето на шестото Генерално собрание на ЗЕЛС.

Advertisements

Во меѓувреме, претседателот на ЗЕЛС а и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, рече дека одредени општини, особено оние предводени од ВМРО-ДПМНЕ, имаат врзани раце поради одбивањето на проектите од страна на Владата.

Покрај критиките до Владата, Георгиевски се пожали и на несоработката со Град Скопје. Според него, комуникацијата е еднострана, и покрај потребите за реализација на многу проекти во корист на граѓаните. /Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button