Мицковски за неговиот предлог Стоилковиќ да биде задолжен за односите мешу заедниците: „Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции“,
Мицковски за неговиот предлог Стоилковиќ да биде задолжен за односите мешу заедниците: „Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции“,

Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада, изјави Мицкоски прашан за коментар за реакции во јавноста по неговиот предлог Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците.
Коментарите на коалицијата ВРЕДИ во однос на предлогот Стоилковиќ, Мицкоски ги оцени како демократски изјави.
Во мај минатата година, Стоилковиќ присуствуваше на 11-тиот Московски безбедносен самит во друштво на српскиот директор на БИА Александар Вулин, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик. На фотографијата е и шефот на Тајната служба на Руската Федерација, Сергеј Нарушкин. Стоилковиќ е познат и по тоа што е близок пријател на поранешниот српски агент, Горан Живаљевиќ, кој на 27 април 2017 година влезе во Собранието, по што се повлече од БИА.
Пред неколку дена, Европскиот фронт ја обвини коалицијата ВРЕДИ дека го остава Охридскиот договор во рацете на Србин, односно институцијата која од Секретаријат за Охридскиот договор во 2019 година стана Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците .
ВРЕДИ, односно Изет Меџити ги нарече обвинувањата на Европскиот фронт пропагандни манипулации, додавајќи дека Стоилковиќ не е закана за Охридскиот договор и дека министерството што ќе го води е предложено да се формира уште во 2008 година.
Адриан Керими