ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мандатарот Мицкоски најавува борба против криминалот и корупцијата

Мандатарот Мицкоски најавува борба против криминалот и корупцијата

Мицкоски предупреди дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде приоритет на следната власт, а ќе се истражуваат и случаи од изминативе години. Во однос на реформите во судството, Мицкоски порача дека треба да се врати довербата на граѓаните во судството.

Advertisements

Партиите од владината коалиција имаат долга листа на ветувања дадени пред граѓаните. Откако ќе се изгласа владата, потребно е да се види кои од нив се инкорпорирани во владината програма.

Според предлогот на Мицкоски, следен министер за правда ќе биде Игор Филков од Движењето Знам. Во програмата на оваа партија беше ветено дека ќе има мерка да не застаруваат кривичните дела за корупција. Тие, исто така, ветија дека ќе се обврзат на враќање на укинатите одредби од Кривичниот законик и зголемување на казните за злоупотреба на службената положба.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ најавува распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и избор на нови членови, преку транспарентна и јавна постапка. Ова предизвика бран реакции за тоа дали оваа мерка е неопходна.

Кога станува збор за реформата на Судскиот совет, кој постојано е мета на критики за политизација и партизираност, и ВРЕДИ вети дека ќе преземе чекори за враќање на довербата во органот што ги избира судиите. Во нивната програма, ветија дека ќе се формира привремено тело со експерти од европските земји, кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети задолжени за следење на нивната работа.
Партијата на Христијан Мицкоски, но и нивниот партнер ВРЕДИ, предвидуваат преку закони да ја ограничат можноста за партизираност на судиите и обвинителите, а ќе се бара одговорност од тие што ќе бидат отпуштени поради несвесно работење.
Според програмите, ВМРО и ВРЕДИ ќе побараат поголема транспарентност од советот за избор, унапредување и разрешување на судиите, додека транспарентноста ветуваат дека ќе се зголеми преку дигитализација на судовите.
Покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе направат реформи преку донесување на нови закони за кривична постапка, Судови и јавно Обвинителството, како и донесување на новиот Кривичен законик.
Додека ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе ја преиспита работата на поранешното Специјално обвинителство, но и дека ќе го истражи богатството на судиите и обвинителите, вети амбициозна мерка за ветинг, која многу партии досега ја ветија, но не ја реализираа./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button