Од четврток почнува електронското пријавување на полуматурантите за упис во средно образование
Од четврток почнува електронското пријавување на полуматурантите за упис во средно образование

За два дена полуматурантите ќе можат да се запишат во средно образование. Од четврток 20 јуни до вторник 25 јуни, ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците , второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Запишувањето на учениците ќе се врши преку линкот на порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk.
„Првото електронско запишување на учениците ќе се врши од 20 до 25 јуни 2024 година до 15:00 часот, додека второто запишување е на 1 јули и 2 јули 2024 година до 15:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата се врши на 20, 21, 24 јуни од 07:00 до 17:00 часот и на 25.06.2024 година од 07:00 до 15:00 часот. Секое училиште го објавува конечното рангирање со резултатите од запишувањето и слободните места на 26 јуни, најдоцна до 09:00 часот на јавно место во училиштето и/или на официјалната веб-страница на училиштето”, велат од Министерство за образование и наука.
За учебната 2024/2025 година, според конкурсот на Министерството за образование и наука, слободни се 30.053 места, од кои 19.602 се во стручното образование./Алсат.мк
Авни Тахири