ВЕСТИСВЕТ

Унгарија наскоро ќе го преземе претседавањето со ЕУ

„MAKE Europe Great Again“ односно „Да ја направиме Европа повторно голема“ ќе биде официјалниот слоган на унгарското претседателство со Советот на Европската Унија. Белгија во моментов претседава, а Унгарија ќе ја преземе таа улога на 1 јули.

Advertisements

Унгарија го откри слоганот и новото лого во видео објавено вчера на социјалната мрежа Икс. Слоганот е копија на слоганот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно го има фалено унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува Си-ен-ен.

Трамп го угости унгарскиот моќник во Мар-а-Лаго во март, истакнувајќи дека двајцата останале во контакт откако тој ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button