ВЕСТИСВЕТ

Бајден им го олеснува патот до државјанство на половина милион сопружници на Американци

Американскиот претседател Џо Бајден ја објави една од најсеопфатните програмa за легализација во поновата историја, која нуди пат до државјанство за стотици илјади имигранти кои нелегално живеат во Соединетите држави.

Advertisements

Одлуката е во целосна спротивност со плановите на републиканскиот ривал Доналд Трамп за масовни депортации, според Ројтерс.

„Можеме да го поправиме ова. Тоа го правам и денес“, изјави Бајден од Белата куќа, зборувајќи за напорите за легализирање на престојот на оваа категорија мигранти.

Програмата ќе биде отворена за околу 500.000 сопружници кои живееле во САД најмалку 10 години од 17 јуни, се вели во соопштението на Белата куќа и американското Министерство за домашна безбедност.

Државјанство ќе имаат и околу 50.000 деца помлади од 21 година кои имаат родител американски државјанин.

„Овие мерки ќе го промовираат семејното единство и ќе ја зајакнат нашата економија“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button