ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Грчки медиуми: Мицкоски заклетвата ќе ја даде со уставното име

Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот предлог за новиот владин состав, како и гласањето во Собранието во текот на викендот, се во фокусот на онлајн изданијата на грчките медиуми, кои во главно, ги пренесуваат текстовите од државната агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Advertisements

Во текстот под наслов „Северна Македонија – Христијан Мицкоски: На заклетвата на Владата ќе го користам уставното име на земјата“, АНА-МПА пишува за вчерашното интервју на мандатарот за „Сител“ во кое „рече дека на инаугурацијата на неговата влада, за време на викендот ќе го користи уставното име на државата“.

-Истото име ќе го користи и во контактите во странство со странските лидери, како што рече. Но, во внатрешноста на земјата, како во јавните настапи, така и во изјавите ќе го користи името „Македонија“, бидејќи, како што самиот рече, името на неговата земја и татковина е „Македонија“, пишува грчката државна агенција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button