
Навивачите на Хрватска и Албанија имаат пријателски односи, што се покажа и во пресрет на натпреварот на Европското првенство. Атмосферата на улиците на Хамбург е фестивалска пред средбата која започнува во 15:00 часот.
Навивачите на двете репрезентации одлично се забавуваат, пеат, а на едно од видеата се гледа како хрватски навивач го бакнува албанското знаме. Колку тоа им значи на Албанците говори податокот дека од 14 часот ќе бидат затворени сите бизниси во таа земја за да можат да го гледаат натпреварот.
Извор: gol.mk