СПОРТФУДБАЛ

Започнува Копа Америка, Меси и Аргентина против Канада

Напоредно со Европското Првенство, почнува уште еден голем фудбалски турнир. КОМНЕБОЛ и КОНКАКАФ заедно го организираат турнирот на обединета Америка, попознат како Копа Америка.

Advertisements

Четирите групи со по исто толку тимови се познати, за турнирот кој ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули. Групната фаза ќе понуди интересни пресметки уште на стартот на турнирот. Аргентинците се во улога на бранители на трофејот, освоен пред две години во Бразил.

 

Групи за првата фаза на Копа Америка:

Група А: Аргентина, Перу, Чиле, Канада

Група Б: Мексико, Еквадор, Венецуела, Јамајка

Група Ц: САД, Уругвај, Панама, Боливија

Група Д: Бразил, Колумбија, Парагвај, Костарика

 

САД е домаќин на Копа Америка, ќе се игра вкупно на 14 стадиони на американско тло. Стартот на турнирот е на 20 јуни во Атланта со мечот меѓу Аргентина и Канада или Тринидад и Тобаго. По две селекции од четирите групи одат во четвртфиналето. Финалниот натпревар ќе се одигра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, Флорида, на 14 јули следната година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button