Една година Мерко на американската Црна листа

Една година по воведувањето на Рамиз Мерко на американската црна листа. Иако тој го замрзнато членството и политичката активност во ДУИ, за време на кампањата Мерко беше виден во редовите на Европскиот фронт. + ФОТО
„ДУИ бара од институциите да се отвори сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите тврдења и можни информации од извештајот на САД. ДУИ ја прифаќа одлуката на Мерко за замрзнување на членството во Централното претседателство и Генералниот совет до завршување на истрагата. ДУИ ја суспендира партиската изборна активност во Струга“, рече Османи.
Американскиот Стејт департмент го стави на црната листа поради обвинувања за корупција, злоупотреба на јавни средства и мешање во судски постапки.
Американски Стејт Департмент (20.06.2023):
„Како градоначалник на Струга, Мерко ги злоупотреби средства и се мешаше во судски и други јавни процеси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во демократските институции и функционерите на Северна Македонија. Стејт Департментот, исто така, ја назначува сопругата на Мерко, Шпреса, и трите возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуше, несоодветни за влез во САД.“
Во кривичното досие на градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, во јули минатата година, имаше сомневање за сторени 30 кривични дела од 2006 до 2023 година. Активни се 16 кривични дела, додека 14 го исполниле условот за апсолутна застареност. Рамиз Мерко или поинаку познат како „локалниот шериф„ на Струга за четири мандати на позицијата градоначалник, создаде империја за себе и за своето семејство. Неговите активности што го доведоа до црвената линија што го одвојува од океанот вклучува и дозволување на нелегални градби, нивна заштита со порака до институциите: „Не можете да уривате толку колку што ние можеме да градиме“. Најпознат случај е доделување дозвола за спортско-рекреативно игралиште кое на крај заврши како ресторан за свадби лоциран на брегот на Охридското Езеро. На Мерко, како да не му беше доволно локална власт, па го пикна носот и во судската власт. Неговиот збор беше последен за секој избор на обвинител или судија во Струга, што се потврди со прислушуваните разговори што во тоа време ги објавуваше поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Поради големиот број на јавни набавки и трошење на средства на нерационален начин со купување на автомобили за општината, Мерко во 2019 година под сомнение за нетранспарентност стана предмет на истрага на антикорупциска. Но пред да го заврши со својот прв мандат како градоначалник на Струга, Мерко се погрижи да го прошири бизнисот во областа на образованието.
Во 2007 година го отвори „Еуро Колеџ“, а во 2008 година Министерството за образование и наука раководена од Перо Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ му даде акредитација. Овој храм на знаењето се соочи со обвинувања поради законски прекршувања за неакредитирање на студиските програми, и за се уште недокажани сомневања за експресно доделување дипломи преку политички и финансиски интервенции, како и присвојување на програми без пропишаните законски согласности. Во целата оваа ситуација десна рака на Мерко му беше актуелниот министер за образование, Јетон Шаќири. Неодамна му беше акредитиран и Факултетот за медицински науки, исто така во времето на Шаќири , само неколку дена пред да ја напушти функцијата министер за образование. И покрај ова, Одборот за акредитација не дозволи регистрација на студиските програми за овој факултет.
Адриан Керими