ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Холандски турист со скршеница на нога извлечен кај охридско Елшани

Холандски турист со скршеница на нога вчера во попладневните часови бил извлечен кај селото Елшани, охридско, информира Регионалниот центар за управување со кризи во Охрид.

Advertisements

Оттаму информираат дека лицетот било пренесено во охридската болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде е изгрижено на понатамошен третман.

„Планинарска спасителна служба вчера од 13:40 до 15 часот имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. Било извршено извлекување на повредено лице од околината на селото Елшани, кое имало скршеница“, велат од ЦУК.

Според информациите, се работи за холандски турист кој откако бил прегледан од Итната медицинска помош бил пренесен на понатамошно лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button